Поставување на напредните опции за контрола
Слика Параметри на режимот за слика Напредна контрола / Експертска контрола | Динамичен контраст |
| Коригирање на разликата помеѓу светлите и темните страни на екранот за оптимални резултати во зависност од осветленоста на екранот. |
| Динамична боја |
| Прилагодување на бојата и заситеноста на сликата за поживописна слика со повеќе бои. |
| Претпочитана боја |
| Прилагодување на бојата на кожата, тревата и небото кон вашите лични желби. |
| Супер резолуција |
| Прилагодување на резолуцијата за исчистување на придушената и заматена слика. |
| Гама |
| Прилагодување на средната осветленост на сликата. |
| Опсег на боја |
| Избор на опсегот на бои за прикажување. |
| Подобрување на рабовите |
| Прикажува појасни и остри, а сепак природни рабови на видео записот. |
| Филтер за боја |
| Филтрирање на специфичен спектар од RGB боите за прецизно поставување на заситеноста на боите и нијансата. |
| Баланс на бела боја |
| Прилагодување на боите на екранот кон топло или ладно чувство. |
| Систем за управување со бои |
| Оваа функција се користи од страна на експертите кога ги прилагодуваат боите со помош на тест шема од шест бои (Црвена / Зелена / Сина / Цијан / Магента / Жолта) без влијаење врз другите подрачја на боите. За нормална слика, прилагодувањата може да не резултираат со забележителна промена на боите. |
Во зависност од влезниот сигнал или избраниот режим на слика, достапните опции може да се разликуваат.
Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од моделот.